Надминат проблемот со пациентите на хемодијализа во Дебар

Од:

Решен е проблемот со пациентите кои подлежат на хемодијализа во Дебар, а кои изминатите неколку недели за таа услуга беа принудени да патуваат до Струга.

Тие сега потребната хемодијализа, како и претходно ја добиваат во подружницата на Центарот за дијализа „Систина нефроплус“ во Дебар.

– Како што ни беше кажано, расипаниот дел од апаратите е заменет и ние сега непречено ја добиваме хемодијализата тука. Претходно патувавме до Струга, каде хемодијализата ја добивавме во трета смена. Патувавме со комби возило и дома се враќавме некаде по еден и пол часот по полноќ, што за нас навистина беше многу напорно и неиздржливо. Не ретко дел од нас колабираа во текот на патувањето, велат пациентите.

Моментно хемодијализа во Дебар добиваат 14 пациенти од нив осум се постојани пациенти, односно жители на Дебар, селото Могорече и Горно Косоврасти, додека останатите се нашинци кои живеат во странство или во други градови во државава, а летото го минуваат во родниот крај.

Распоредени се во две групи – првата група хемодијализа добива во понеделеник, среда и петок, а втората група во вторник, четврток и сабота.

Поради масовното доаѓање на печалбарите во овој период од годината, како и се поголемото присуство на поранешните жители или нивни потомци во селата од подрачјето на Река и Жупа, во летниот период бројот на пациентите се зголемува. Во такви случаи Подружницата на Центарот за дијализа воведува двосменско работење, а по потреба и работа во недела.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта