• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Надлежните ја разгледуваат состојбата со најавите за нов бран врнежи

by А1он29/01/2015 - 13:58135
Share0

Координативното тело за справување со кризи денеска ја разгледуваше состојбата со најавите за нов бран на обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. На Координативното тело беа разгледани и превентивните мерки што треба да ги преземат сите надлежни институции.

Добивај вести на вибер

Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија утре попладне. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално од 40л/м2 до 60 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите и се очекува излевање на реките со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

Координативното тело препорачува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците, пак, кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Координативното тело апелираат до градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

– Единиците на локалната самоуправа да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ, екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби, се наведува во соопштението од Координативното тело за справување со кризи.

Оттаму апелираат до месното население да се вклучи во превентивните акции.

Надлежните институции, како што велат од Координативното тело, се во постојана координација и комуникација со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. 

poplavivreme

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Горан Наумовски11/01/2026 - 15:55

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски10/01/2026 - 14:2810/01/2026 - 14:28

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Горан Наумовски10/01/2026 - 09:22

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен