Над половина од младите лекари кои месецов добиле лиценци, сакаат да работат со Ковид-пациенти

Од:

Вкупно 66 новолиценцирани доктори на медицина месецов го положиле стручниот испит, а повеќе од половина од нив изразиле желба да работат со пациенти со Ковид-19, соопшти денес Министерството за здравство.

Министерот, доц. д-р Венко Филипче, заедно со заменик министерот, д-р Арменд Арслани, се сретнаа со младите лекари кои добија лиценца за работа од Лекарската комора на Република Северна Македонија.

На средбата, младите лекари ја поздравиле измената на Законот за здравствена заштита од јануари, минатата година, со која се овозможи секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш да почне со шестмесечна пракса за која младите лекари првпат добиваат надомест од 30,000 денари месечно.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска