Над пет илјади посетители на Музејот на вкусовите во првата половина од 2014

Од:

Над пет илјади посети во првата половина од 2014 година бележи Музејот на вкусовите во Кавадарци, единствен од ваков вид во поширокиот регион, информираше денеска директорот Петре Камчевски.

– Фактот што од лани во мај, кога беше отворен музејот, па до крајот на минатата година имавме над седум илјади посетители, а имајќи ги во предвид и годинешниве бројки, јасно е дека музејот привлекува огромно внимание кај македонските граѓани, но и кај странските државјани, рече Камчевски.

Според него, расте интересот кај домашните и кај странските туристи да ги видат садовите и алатките кои служеле за производство на вино и храна во Тиквешко – највинарскиот регион во Македонија. Досега овој атрактивен објект го посетиле гости од разни делови на Македонија, но и туристи од Русија и Грција.

– Куќата на вкусовите и мирисот е проект од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Грција во рамките на ИПА-програмата на Европската унија. Во неа се застапени експонати кои потекнуваат од неолитот до денес. Историски, археолошки, етнолошки, објасни  Камчевски.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски