Над илјада заразени ќе има и денеска, се полни и модуларната болница во Скопје

Од:

Околу 1000 новозаразени од коронавирус кои се тестирале вчера ќе има и денес, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Истовремено, се отвораат нови ковид одделенија во болниците, бидејќи се зголемува и бројот на хоспитализирани. Притисокот во тетовската Општа болница се намалил во текот на вчерашниот ден, но се очекува да се види каква ќе е ситуацијата денес.

„Денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи. Во текот на вчерашниот ден беше целосно во функција ставено инфективното одделение во болницата „8 септември“. Има уште слободни кревети, но обезбедуваме простор во делот на интензивната нега. Од вчера, од попладневните часови, целосно во функција се стави и модуларната болница до Инфективната клиника. Има кадар од другите клиники, медицински сестри и помошен персонал. Таа болница има 60-70 кревети, десетина се веќе зафатени. Имаме и други капацитети кои се спремни“, рече Филипче.

Според него, десетина проценти од новозаразените во текот на денот се вакцинирани, но и десетина проценти од вакцинираните се хоспитализирани.

„Од вкупната бројка на вакцинирани граѓани, многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили, 0,002. Што значи дека главниот проблем е во граѓаните кои не се вакцинирани, немаме проблем во тие што се вакцинирани. И во други земји заболуваат но за 20 пати е помал ризиокот од смртен исход. Сите заклучоци од студии и анализи, тоа е единствениот механизам за да се смени сликата“, додаде Филипче.

Сите кои прелажале, според Филипче, треба да се вакцинираат месец дена по инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски