Над илјада граѓани на С. Македонија ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон

Од:

За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Северна Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица.

Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците.

-Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада во Бон, странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена, вели Мирчески.

Дијаспората е задоволна од новиот начин на издавање на биометриските исправи и од вработените во кознуларното одделение во Бон.

-Подобрувањето на услугите на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија преку базните и мобилните станици е еден од многубројните проекти на Министерството за надворешни работи за дијаспората, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Пасошите со „северна“ поскапи за 500 денари: МВР ги покачи цените на личните документи

Орце Костов

За два месеци во Амбасадата во Виена издадени 200 пасоши

Ана Ололовска

Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго

Ана Ололовска

МНР: Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон

Ана Ололовска

Владата ги усвои предлог-законите за патни исправи, за лични карти и матичен број

Ана Ололовска

Во 15 наши дипломатско-конзуларни претставништва ќе бидат поставени базни станици за брзо издавање патни исправи

Ана Ололовска