Над 8.500 учесници ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон

Од:

Над 8.500 учесници од 51 држава во недела ќе учествуваат на 13-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон, еден од најмасовните и популарни спортски настани во Македонија.

Годинава, на маратонот ќе учествуваат 1.000 учесници повеќе од претходното издание.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Град Скопје со 1.200.000 денари, а на располагање се ставени сите јавни претпријатија кои се под интегенција на Град Скопје.

– Заедничката и посветена работа во изминатите години, професионализмот и упорноста во сите сегменти, доведоа до овие видливи резултати и факти. За Градот Скопје и за Република Македонија маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава, истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција.

За директорот на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, маратонот од година во година станува еден од најпосетуваните и најинтересни настани во Македонија.

– Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар. Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио, рече Синадиновски.

На прес-конференцијата беа присутни и промотерките од Естонија, како и македонската шампионка во маратон Весна Кираџиева и Дарио Ивановски, кој пред неколку недели победи на полумаратонот во Белград.

Стартните пакети учесниците ќе можат да ги подигнат денеска до 19 часот и утре од 10 до 19 часот во Парк Хотел и Спа.

Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.

Во рамки на маратонот утре од 10 часот ќе се одржи и Детски мини маратон на кејот на реката Вардар, позади Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Истражителите истражуваат смрт на двајца мажи на различни локации во Скопје

Горан Наумовски

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје