Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и 2000 парчиња муниција најдени кај крушевчанец

Од:

Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштили и над 2000 парчиња ловечка и боева муниција се пронајдени при претрес на домот на 71-годишен крушевчанец информира Министерството за внатрешни работи.

– Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници