Над 50 настани за одбележување на Денот на Европа

Од:

Повеќе од 50 настани ќе бидат организирани за одбележување на 64-от роденден на Европската унија во земјата, со коишто истовремено ќе им се приближи процесот на европска интеграција на граѓаните.

Меѓу настаните кои ќе бидат дел од одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа се и традиционалниот Ден на европското знаме, Скопскиот маратон, европскиот хепенинг во Скопје, како и бројни дебати, предавања, натпревари, културни настани и локални прослави кои ќе се одржат низ целата земја.

Во Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес ќе бидат организираат хепенинзи за Денот на Европа со цел да се прослави европската идеа на локално ниво.

Автобусот на ЕУ, повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.

Одбележувањето на Денот на Европа е во организација на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции.

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска амбасадорот Аиво Орав, заменикот на претседателот на Владата Фатмир Бесими и претседателот на Европското движење, професор Милева Ѓуровска, ќе соопштат детали за настаните по повод Денот на Европа.

Би можело да ве интересира

Сакс: Ниту „Четирите мускетари“ нема да и обезбедат воена победа на Украина

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка