Излезноста во општина Струга до 10 часот е 5,6 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба.
Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 59.017 лица, а правото на глас можат да го остварат во 101 избирачко место.
– Изборниот процес досега тече добро. Во моментот сме на терен правиме обиколка и засега нема забелешко, изјави Зиба.
Сите гласачки места во општина Струга беа отворени навреме, во 7 часот утрово и стружани гласаат за една од листите за избор на пратеници во 5. Изборна идиница за предвремените Парламентарни избори.