Излезноста до 13 часот во општина Ресен е 32,65 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски.
Од регистрирани 16.562 гласачи во избирачкиот список на 50 избирачки места во општината гласале 5.408 лица.
– Досега нема пријавени ниту забележани нерегуларности. Гласањето се одвива нормално, изјави Пецалевски.
Жителите на Преспа денеска гласаат за една од пратеничките листи во 5. Изборна единица.