Над 30 заразени со коронавирус во тетовските градинки и училишта

Од:

Тетово, 2 ноември 2020 (МИА) – Во училиштата и градинките во општина Тетово се евидентирани 31 заболено лице од Ковид-19, соопшти Кризниот штаб. Пред една недела штабот препорача, а денеска донесе одлука сите наставници кои имаат онлајн-предавања, наместо од училиштата да работат од дома.

-Во градинките „Младост“ во Тетово, воспитно-образовниот процес во моментов го посетуваат вкупно 312 деца, додека три воспитувачки се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација. Во основните училишта 11 наставници и пет ученици се позитивни на вирусот и како резултат на тоа, пет одделенски групи се во изолација. Во средните училишта на општина Тетово, каде наставата се одвива од далечина, 12 наставници имале позитивен ковид-тест, информираа од Кризниот штаб.

Од таму потенцираа дека Тетово бележи врв на есенскиот бран со Ковид19 и има зголемување на бројот на заразени.

–Многу е важно во наредниот период да покажеме висока одговорност и граѓанска свест. Предизвикот со кој се соочуваме бара да бидеме што е можно подисциплинирани, имајќи предвид дека ова не е единствената глобална здравствена криза со која се соочува целиот свет и ние. Новите мерки за заштита што доаѓаат од надлежните органи и кои сите мора да ги почитуваме без исклучок, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово