А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 150 закони доставени до Собранието, дел по скратена постапка поврзани со пандемијата со Ковид-19 и законот за прекршоци

by А1он09/10/2020 - 11:13195
Share0

Од 1 до 8 октомври до Собранието се досатвени 151 нови предлог-закони, измени и дополнувања на закони и ратификации, голем дел по скратена постапка, за која пракса забелешка беше ставена и во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјата. Во однос на законите по скратена постапка, бројни се усогласувања со Законот за прекршоци со којшто беше предвидено намалување на казните, како и со мерките за справување со кризата со Ковид – 19, меѓу кои и економските пакет мерки што ги предлага Владата.

Добивај вести на вибер

Претседателот на Собранието Талат Џафери на забелешките дека повторно пратениците ќе одлучуваат по голем број закони по скратена постапка, вели дека се работи на промени на Деловникот за да се најдат најсоодветни решенија за ограничување на бројот на закони по скратена постапка и оти некои закони се врзани со пандемијата со Ковид-19.

– Треба да имате предвид дека Собранието не работеше до 4 август, кога беше конститутивната седница. Многу работи околу пандемијата и околу околностите и обврските што требаше да се регулираат по престанокот на вонредната состојба требаше да чекаат Собранието да ги реши. Водете сметка кога сме избрале Влада, и ако одевме во редовна постапка тие закони ќе се донесеа дури во ноември, рече Џафери, кој како пример посочи на законите за образование и промената на датумите за почеток на школската година.

Околностите нагласува тој, треба да се гледаат како целина, а не само како сегмент.

– Свесен сум за сите забелешки што се во Извештајот на ЕК, рече Џафери посочувајќи дека Деловникот за работа на Парламентот е во фаза на разгледување и ќе треба да се види кои се најсоодветните решенија за ограничување на бројот на закони по скратена постапка, односно дали тоа би било по седница.

Но, меѓу законите кои се најдоа во ови 151, што се доставени до Собранието се и Предлог законот за попис во 2020, што првично беше доставен до законодавниот дом во минатиот состав, потоа Предлог-закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, Предлог закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, како и други.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен