Националниот Ромски Центар Куманово ќе учествува на маршот посветен на Холокаустот на Ромите

Од:

Националниот Ромски Центар Куманово ги повика граѓаните да учествуваат на маршот посветен на жртвите на Холокаустот на Ромите. Маршот, најави извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски ќе се одржи на 3 август, а ќе започне во 9:30 часот, од пред Стара Пошта во Скопје.

– На маршот ќе бидат упатени пораки дека не смее да се заборави холокаустот на Ромите извршен пред 74 години. Се уште не е завршено обештетувањето на жртвите од холокаустот на македонските Роми кој е извршен во повеќе логори низ Европа, изјави Елезовски.

Според неофицијалните податоци околу 200 Роми од Македонија се жртви на Холокаустот, а од Куманово според податоците на НРЦ, имало дваесетина ромски семејства на кои им се губи секаква трага во виорот на Втората Светска Војна.

Елезовски истакна дека и по 74 години од Холкаустот насилството и антигиспизмот продолжуваат врз Ромите во цела Европа

– Човечноста, хуманоста, солидарноста се изгуби одамна, а се уште може да се каже дека Ромите се жртви на депортирање и прогони во повеќе држави, изјави Елезовски.

Вакви маршеви во чест на жртвите од Холокаустот и сегашните насилства врз Ромите ќе се одржат во повеќе градови од Европа.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија