Начевски: Сите семејства приматели на социјална помош да добијат бесплатни дрва за огрев

Од:

„На повидок е уште една крупна измама на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел!! СДСМ ги предупредува граѓаните на општина Бутел дека локалната власт планира нова манипулација и лага!

– Имено, на 29 октомври 2012 година се одржа 44-тата Седница на Советот на општина Бутел. Трета точка на дневниот ред беше Одлуката за бесплатно доделување дрва за огрев на социјално загрозени семејства, ама не се знае ниту кога ниту кому ниту според кои критериуми!! СДСМ се сомнева дека со оваа акција, пет месеци пред одржувањето на Локалните избори, ВМРО ДПМНЕ не избира ниту начин ниту средства да ги задржи и поткупи гласачите.

– СДСМ со жалење констатира дека нема да има ниту „Х“ од хуманост во оваа акција, ниту „Т“ од транспарентност. Таа ќе биде спроведена само за партиски цели и интереси. Бутел е најсиромашната скопска општина заради 20-годишното расипничко владеење на ВМРО ДПМНЕ.

– Затоа, ако критериум за бесплатно доделување на дрва за огрев е социјалната загрозеност, во интерес на еднаквоста на сите граѓани, СДСМ бара:

– Подрачната единица на Министерството за труд и социјала конечно јавно да објави колкав е бројот на граѓани кои примаат социјална помош во општина Бутел и да излезе со изготвена листа на приматели!

– Второ, советничката група на СДСМ поднесува иницијатива до Советот на општина Бутел во која инсистира: не само 50 семејства да добијат бесплатни дрва за огрев туку сите семејства – приматели на социјална помош во општината Бутел!

– Ако ВМРО ДПМНЕ не ги објави бараните податоци и не ја прифати нашата иницијатива, тогаш ќе се потврдат нашите сомневања!

– Тогаш ќе се потврди дека ВМРО ДПМНЕ ги дели граѓаните според партиска припадност и ги дискриминира! Одбивањето ќе биде доказ дека за ВМРО ДПМНЕ не постојат ниту правила ниту закони, туку само послушништво и слепо спроведување на партиските задачи!! Граѓаните на Бутел ќе бидат жртви на уште едно самоволие на локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ!

– Ќе биде јасно дека ВМРО ДПМНЕ се служи со валкани трикови само за да ја задржи веќе разнишаната фотелја пет месеци пред Локалните избори!!

– За да нема ниту сомневања ниту злоупотреби, ги повикуваме сите партии, релевантни здруженија и организации, да се вклучат во следење на тоа кому и како се доделуваат бесплатни дрва за огрев во општина Бутел! Јавно ги повикуваме организациите кои се занимаваат со проблематиката на социјалната заштита и  дискриминацијата, како што се: Хелсиншкиот комитет за човекови права, Комисијата за заштита од дискриминација, Фондацијата отворено општество – Македонија, Институтот за човекови права, Амнести интернешнл, и други, во овој случај, под лупа да ја стават работата на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во општината Бутел“, вели Коста Начевски, кандидат за градоначалник на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса