Началникот на ГШ на АРМ на Конференција за партнерски програми на ЕУКОМ

Од:

Унапредување на заедничкиот пристап во безбедносните предизвици, воените капацитети и подобрување на интероперативноста се теми на дискусија на Конференцијата за партнерски програми во организација на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (ЕУКОМ), што денеска се одржува во Гармиш Партенкирхен, СР Германија, а на која учествува и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.

Оваа партнерска програма на ЕУКОМ е дел од програмата на Националната гарда на САД и ги поврзува армиите на САД и партнерските земји со цел зголемување на воената способност, подобрување на интероперативноста и унапредување на меѓусебната соработка но и интероперабилност меѓу армиите преку градење на меѓусебни односи во унапредување на безбедноста.

На конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, дискутираат влијателни воени раководители од американската армија, националните гарди од 22 држави на САД и армиите на земјите партнери.

– Генералот Величковски за време на одржување на конференцијата покрај состанокот со командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, оствари повеќе средби со генерали и раководители на високи позиции во командата на САД за Европа и армиите на земјите учеснички, притоа разменувајќи искуства од покажаните пракси на армиите и идентификување на понатамошни области на соработка, соопшти МО.

Од страна на соговорниците, се додава во соопштението, и овој пат е истакната силната поддршка и пофални зборови за високата обученост и прикажаните резултати на припадниците на АРМ во учествата во мировните операции и меѓународните вежби.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски