Началникот на ГШ на АРМ на конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови од земјите членки на Алијансата и учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ (ОП) во Авганистан.

Конференцијата се одржа во командата на НАТО во Брисел, а на неа армиските претставници беа информирани од страна на највисокиот НАТО цивилен претставник и командант на мисијата, генерал Николсон со актуелната безбедносна состојба во Авганистан. Разгледани биле и препораките за понатамошно делување и ангажманот на НАТО и партнерските земји во мисијата.

Генералот Величковски во своето обраќање се осврнал на континуираниот придонес на АРМ во мировната мисија „Одлучна поддршка“ со моменталното учество на 39 припадници распоредени на неколку локации во Авганистан кои извршуваат различни задачи. Величковски се осврнал и на севкупните напори што ги вложува АРМ кон евроатланската интеграција на државата.

На конференцијата, раководена од претседавачот на Воениот комитет генерал Петр Павел, се разговарало и за понатамошното развивање на потребните способности и ресурси, во согласност со тековните задачи на Алијансата. Учесниците се запознале со актуелниот статус и произлезени задачи за интероперабилност од претходните сесии.

За време на престојот во Брисел, генералот Величковски остварил средба со началникот на ГШ на Кралството Белгија, генерал Марк Компернол, а се сретнал и со дел од учесниците при што биле разменети информации за меѓусебната воена соработка и понатамошните активности.

Претходно, делегацијата на АРМ остварила средба и со амбасадорот на Република Македонија во НАТО, а во текот на утрешниот ден се очекува да има работен состанок во Мисијата на РМ при НАТО.

Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови се одржува двапати годишно со цел разгледување на актуелните мисии и операции на Алијансата, како и обезбедување на воени совети за меѓусебната интероперабилност меѓу партнерските земји.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори