Началникот на ГШ на АРМ Котески на конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Од:

Началникот на Генералшабот (ГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески утре ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.

Котески денеска ќе присуствува на официјалната церемонија за примопредавање на должноста командант на Врховната команда на силите на НАТО во Европа (САЦЕУР) помеѓу досегашниот командант, адмиралот Џејмс Ставридис и генералот Филип Бридлав, која ќе се одржи во седиштето на оваа команда во Монс.

Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и Партнерството за мир, ќе бидат прашањата за разгледување на понудените информации за досегашниот развој на состојбите и извршувањето на плановите и задачите во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан.

На конференцијата ќе стане збор и за влијанието на мисијата ИСАФ на регионалната безбедност. Во вториот дел од конференцијата ќе се разгледува извршувањето на мисијата КФОР на Косово и развојот на ситуацијата во контекст на новите политички односи помеѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он