Началникот на Генералштабот ги посети армиските припадници ангажирани во Словенија

Од:

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во придружба на амбасадорот на Република Северна Македонија во Љубљана, Горан Милевски и командантот на командата за операции, бригаден генерал, Бесник Емини, денеска во Межица, Словенија ги посети припадниците на Армијата, ангажирани во справувањето со последиците од поплавите.

На средбата како што информираат од Генералштабот на Армијата со нашите припадници од страна на генералот Ѓурчиновски им било искажано признание за покажаната професионалност и залагање при извршувањето на дадените задачи во расчистување на теренот и санирање на последиците од катастрофалните поплави.

Притоа, генералот Ѓурчиновски на нашите армиски припадници им порачал дека со несебичниот и безрезервен ангажман во вакви критични ситуации тие ја претставуваат во најдобро светло не само Армијата, туку и татковината.

Тој го истакнал и значењето на партнерството и солидарноста помеѓу двете Армии кои се резултат на одличните меѓусебни релации, но и на сојузништвото во рамки на НАТО.

За време на престојот во Межица, генералот Ѓурчиновски, амбасадорот Милевски и генералот Емини ги посетиле дел од местата каде во досегашниот период се ангажирале нашите армиски припадници.

-Сто припадници на Армијата на Република Северна Македонија се ангажирани во помош во справувањето со последиците од поплавите во Словенија во Межица, Чрна на Корошкем, Жерјав и Превалје, при што извршуваа повеќе задачи во расчистување на наноси од поплавите во витални објекти, спортски игралишта, улици, дом на културата, приватни сместувачки капацитети, но и при поставувањето на мостови, се наведува во соопштението.

За периодот на нивниот ангажман кон нив биле изразени пофални зборови од военото раководство на словенечката Армија, но и од страна на министерката за информатичко општество Емилија Стојменова Дух.

Во армискиот состав се припадници од повеќе потчинети единици од командата за операции и логистичката база, меѓу кои најголем број од вториот пешадиски баталјон и извидувачко разузнувачкиот баталјон, но и специјалистички тимови од инженерци за ракување со инженериски машини, лекари и болничари, припадници од единицата за АБХО.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација