Нацев: Ова е пародија на правната држава под власта на СДСМ

Од:

„Уште на први ноември премиерот Зоран Заев најави дека двајца високи функционери во владата се под истрага за сомнение за сторена корупција. Од први ноември поминаа скоро четири месеци, а јавноста не виде никаков резултат. Нема информација, ниту кои се функционерите, ниту што направиле. Нема информација ниту од каде кај Заев информации за истраги кои се водат тајно од страна на истражните органи.

Ова е пародија на правната држава под власта на СДСМ.

Санкции за корумпираните функционери нема, но затоа има десетици скандали и афери кои од километри мирисаат на корупција“, изјави Александар Нацев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата во која што Кочо Анѓушев е вицепремиер, преку ЕЛЕМ додели тендер на фирмата „Фероинвест“ на која тој беше сопственик. Јавноста беше фрапирана со која леснотија фирмите на челниците во власта добиваат милионски тендери од државните фирми.

Сомнежи за корупција и криминал се појавија и за работењето на МВР. Свиркачи во текот на октомври минатата година објавија дека МВР под раководство на Спасовски злоупотребила 1 милион евра странска донација за набавка на возила за потребите на полицијата и наместо преку јавен оглас автомобилите се набавуваат од фирма донатор до СДСМ.

Скандали се нижеа едно по друго, Шекеринска од позиција на министер за одбрана склучи договор за набавка на мазут со фирма која нема лиценца за трговија со мазут, а по притисокот на јавноста министерството го раскина договорот.

Доказ дека власта не сака некој да се меша во начинот на кој се добиваат тендерите и се трошат јавните пари е укинувањето на Советот за јавни набавки, кој претставува контролен механизам, што ја запазуваше законитоста при набавките. Советот кој беше формиран по насока на ЕУ со цел намалување на корупцијата беше укинат од владата наа СДСМ, која само декларативно се залага за европските вредности и практики, а во реалноста ја враќа државата во 90-тите. Со укинувањето на Советот за јавни набавки широко се отвори врата за корупција и малцверзации со јавните набавки.

Непотизмот стана одлика на СДСМ и начин на владеење. Уште со самото преземање на локалната власт градоначалничката на Битола си го вработи братот како наставник, а градоначалниците на Берово и Неготино си ги вработија сопругите истото така како наставници. Одговори не беа дадени, по кои критериуми и како беа избрани сопружниците и роднините на градоначалниците“, рече Александар Нацев.

„Македонија под власт на СДСМ тоне во корупција. Според Светскиот индекс на перцепција на корупција Република Македонија бележи пад за 17 места на листата на Транспаренси интернешнл за само една година.

Врхушката на власта ссе однесува како државата и парите на граѓаните да се нивна приватна сопственост. Скандали се нижат, а одговорност нема.

Овие и други неоткриени и не расфетлени случаи кои станаа одлика и начин на функционирање на власта придонесоа Република Македонија да го допре дното во индексот на перцепција на корупција на Транспаренси интернешенал“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ