Набавката на новите автобуси најкорисен проект за скопјани

Од:

Набавката на новите автобуси за потребите на ЈСП Скопје е најкорисниот проект спроведен во главниот град, покажува анкетата спроведена од агенцијата Стратегија Комуникации во периодот од 26. до 30. јули врз репрезентативен примерок од 1.099 испитаници на територијата на Град Скопје.

Дури 51 отсто од испитаниците како најкорисен проект за граѓаните ја оцениле набавката на новите автобуси, по што следи Жичницата на Водно со 23 отсто и реизградбата на стариот театар со осум осто од гласовите. За четири отсто од скопјани најкорисен проект е некој друг, а за 14 отсто од нив нема таков проект.

На потпрашањето што е најкорисно кај новите автобуси, 37 отсто од испитаниците одговориле климатизираноста, за 33 отсто тоа е брзиот транспорт, за 21 отсто комфорот, пет отсто сметаат дека е добриот изглед, а четири отсто нешто друго.

Од скопјани 40 отсто го оправдуваат бесплатниот превоз на пензионерите во вторник, петок и сабота, а 21 отсто не. Одговор незнам дале 39 отсто од испитаните, додека четири отсто немале одговор.

Главниот град се развива во добар правец за 60 отсто од испитаниците, за 21 отсто во лош правец, а 19 осто немаат одговр или не знаат.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче