Набавиле стока во вредност од над 40 илјади евра и никогаш не ја платиле

Од:

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Б.З. (74), Е.Н. (51), Р.Ј. (39), И.А. (51) и А.А. (46) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “измама“ предвидено и казниво по чл.247 од КЗ на РМ. Од страна на Истражен судија на горенаведените лица одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено, првопријавениот во периодот од јули минатата до февруари оваа година со намера да се стекне со противправна имотна корист, лажно претставувајќи го правното лице “ТРГО-ТЕТ ГРУП“ ДООЕЛ Скопје, чиј сопственик и управител е истиот, како истото да е ликвидно и со добар бонитет, прикривајќи го фактот дека друштвото има блокирана жиро сметка, во координација со другите четворица пријавени лажно претставувајќи се како вработени во истото друштво, подигнале разна трговска стока и на тој начин ги довеле и одржувале во заблуда управителите на десет правни лица, со што ги оштетиле за вкупен износ од 2.666.547 денари.

Првопријавениот заедно со уште еден од другите наводно вработени во неговата фирма оделе во преставништвата на оштетените фирми, претставувајќи го неговото друштво “ТРГО-ТЕТ ГРУП“ ДООЕЛ Скопје како ликвидно приложувајќи при тоа заверена тековна состојба од Централен регистар на РМ а прикривајќи го фактот дека истото има блокирана сметка, или пак во неколку случаи се претставувале како овластени претставници на други фирми, набавувајќи разна трговска стока како работнички одела, млечни производи, ориз, грав, кори и кадаиф, мед, автомобилски гуми, машки кошули и слично, при што за секоја набавка биле сочинувани фактури и испратници и на оштетените им биле оставани нивните телефонски бореви како би можеле истите да ги контактираат при евентуални проблеми. Откако фактурите не им биле платени во рокот кој бил договорен, како и по контактот со фирмите за кои тврделе дека се нивни овластени претставници кои не ги потврдиле нарачките, оштетените фирми случајот го пријавиле во полиција.

Од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал постапувајќи по наредби од истражен судија на 03 овој месец извршен е претрес во домовите на четворица пријавени каде е пронајдена писмена документација одземена со потврди за привремено одземени предмети. Од извршениот увид во одземената документација утврдено е дека истата се однесува на деловна соработка на “ТРГО-ТЕТ ГРУП“ ДООЕЛ Скопје со други правни лица.

Инаку, сите горенаведени лица минуваат во крим-евиденциите на СВР Скопје, за што им се поднесувани и кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он