На вработените во Канал 5 им се кратат платите за 30 отсто

Од:

Вработените во Канал 5 ќе добијат за 30 отсто помала плата. Одлуката важи само за еден месец или за последната месечна исплатена плата.

Образложението за овој потег е лошата финансиска состојба на телевизијата за месец септември и октомври.

Одлуката телевизијата ја донела на 20-ти Ноември.

30-otstokanal 5

Според вработени од телевизијата кои сакаа да останат анонимни, кратењето на платите го поврзуваат со исплатата на К-15 во висина од 8.500 денари, одлука која ја донесе Владата а важи за сите приватни фирми.

„Одлуката е симптоматична и доаѓа во период кога треба да се исплатат тие 8,500 денари. Ние ќе ги добиеме тие пари но ни се кратат платите за 30 % и само за еден месец. Дали на овој начин телевизијата на првен начин ја заобиколува одлуката на Владата“, вели вработен кој остана анонимен плашејќи се за своето работно место.

Според податоците на Агенцијата за аудио визуелни услуги по направената анализа на пазарот за радиодифузна дејност за изминатата година сите пет национални приватни телевизии оствариле позитивен финансиски резултат.

„Вкупните трошоци на овие пет телевизии изнесувале 1.105,65 милиони денари.63,65% од овој износ биле трошоците на ТВ Сител и ТВ Канал 5. Во структурата натрошоците најзначајно учество имаат трошоците за набавка на програма (28,53%) и трошоците за плати и надоместоци на лицата директно поврзани сопроизводство на програма (20%). Во секоја од последните десет години највисокитрошоци прикажувала ТВ Сител. Сите пет телевизиски станици оствариле позитивен финансиски резултат. Просечниот број вработени во редовен работеноднос кај овие пет субјекти изнесувал 525 лица“, стои во извештајот на Агенцијата.

Од 64-те комерцијални телевизии 43 оствариле позитивен финансиски резултат.

„Заеднички остварениот финансиски резултат од работењето на Македонската телевизија и 64-те комерцијални телевизии била добивка во износ од 248,54 милиони денари. Македонската телевизија и сите пет телевизии на државно ниво оствариле позитивен финасиски резултат. Само две сателитски телевизии (ТВ Канал 5 Плус иНаша ТВ) оствариле добивка, а останатите три загуба“, стои во извештајот.

Според уделот во вкупните приходи на телевизиите на државно ниво Дури 45% од овие средства остварила ТВ Сител, чии вкупни приходи изнесувале 584,67милиони денари. Позначајни вкупни приходи остварила и ТВ Канал 5 – 269,78 милиони денари односно 21% од вкупните приходи на овој сегмент од пазарот. Останатите трителевизии – ТВ Алсат-М, ТВ Алфа и ТВ Телма заеднички оствариле 34% од вкупните приходи, констатирале од Агенцијата за аудио визуелни услуги.

Канал 5 е една од телевизиите кои се јавуваат како донатори во кампњата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013-та година.

Според документите доствени од владеачката партија до Државната ревизија телевизијата за потребите на партијата на власт донирала 8.900.000 милиони денари или околу 144.000 евра.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on