На Водно по трет пат трка „Прв до врв”

Од:

Манифестација за рекреативно искачување на Водно „Прв до врв” се одржа денеска во организација на Град Скопје.

Овој спортско-рекреативен настан, соопшти Град Скопје, се одржува секоја година и Скопјани го одбележуваат со масовно качување на планината Водно. На овогодинешната трка учествуваа неколку илјади натпреварувачи, а се одржа во машка и женска категорија во традиционална планинарска трка, како и велосипедска планинска и друмска трка.

На врвот на Водно, присутните ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој воедно ги додели медалите на најуспешните во неколку категории.
Првото место во планинско трчање (жени) го освои Росица Костова, во планинско трчање (мажи) победи Стефен Убел, а во друмски велосипедизам жени Карин Пидел.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно