На велешкото езеро „Младост“ се спроведува обука за спасители на отворени води

Од:

Во организација на Општинската Организација на Црвен крст од Велес и Центарот за безбедност на вода од Скопје на велешкото езеро „Младост“ од вчера па во наредните десетина дена за првпат се организира обука за спасители на отворени води: реки, езера и мориња.

Досега во Велес беа организирани само курсеви за спасители на базени.

Во обуката се вклучени 27 кандидати од Велес и еден од Кочани, а меѓу нив е и една девојка, информира Иле Попов, инструктор и координатор за безбедност на вода од ОО на Црвен крст од Велес.

– Овие кандидати претходно успешно ги поминаа квалификациите на градскиот базен, а ако на крајот успешно положат од наредната сезона ќе го обезбедуваат брегот на велешкото езеро „Младост“ и останатите реки и езера во Македонија, изјави Попов.

Обуката се спроведува по најновите програми на ИЛС Меѓународната Федерација за спасители на вода, а со полагање на испитот на крајот на обуката сите кандидати се стекнуваат со меѓународно призната диплома за спасители на отворени води.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица