На универзитетите не се пријавува корупција поради недоверба и неинформираност

Од:

Во изминатите две години од важењето на Законот за заштита на укажувачите за корупција во високото образование, во Македонија нема ниту една пријава. Ова го истакнаа учесниците на денешната обука на тема „Зголемување на капацитетите на универзитетите за примена на Законот за заштита на укажувачите како алатка за превенција на корупцијата во високото образование во Македонија”, што се одржа во Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Обуката е дел од проектот „Ќе има ли ’укажувачи’ на универзитетите?“, а ја организираа Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје во соработка со Правниот факултет на УЈИЕ.

Според Александра Дејаноска-Трендафилова, проф. од Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, главна причина за тоа што не се користат можностите што овој закон им ги дава на укажувачите за нивна заштита при пријавување случаи на корупција во високото образование во Македонија е нивна недоволна иформираност.

– Засегнатите лица не се доволно информирани како се користат можностите од законот односно дека пријавувањето на случаите е анонимно и доверливо, и тоа не само на корупцијата, туку и на другите незаконски дејствија спротивни на работата и дисциплината како и неетичкото постапување. Согласно законот, студентите имаат можност ваков случај да пријават внатрешно односно кај овластеното лице во самата иституција кое потоа решава за пријавата дали ќе ја проследи до деканот или управата и до други институции како јавното обвинителство, омбудсманот, полицијата и до други надворешни институции, рече Дејаноска-Трендафилова.

Во случај кога како сторител се посочува некој од повисоките управни органи на универзитетот, рече таа, постои можност за заштитено надворешно пријавување до државните институции и како трета можност е јавно заштитено пријавување преку медиумите.

Професорката посочи дека во декември минатата година бил потпишан меморандум за соработка на сите државни и пет приватни универзитети од Македонија со тогашната министерка за образование и наука Рената Дескоска за интезивирање на активностите и за поголемо запознавање на сите заинтересирани околу можностите на овој закон за укажувачите на корупција во високообразовните институции.

Според професорката Беса Арифи од УЈИЕ, за потешкото пријавување корупција на универзитетите освен неинформираноста свое место има и недовербата на засегнатите лица и студенти дека еден ваков случај може да се доведе до крај.

-Тука е и сама улога на универзитеите да ги информира и студентите и вработените за можностите што ги дава овој закон околу процедурите со кои се гарантира заштитата на анонимноста, не само внатрешно и во институциите, туку и понатаму за тоа лице што ќе пријави случај на корупција да не му бидат загрозени правата во неговото натамошно образование, изјави Арифи.

Активностите на ИСИЕ за проектот „Ќе има ли ’укажувачи’ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Македонија“ се поддржани од Амбасадата на САД во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски