На улиците во Крива Паланка фрлени 20 тони сол и ризла

Од:

Во текот на ноќта низ улиците во Крива Паланка фрлени се околу дваесет тони абразивен материјал, информираат од службата за зимско одржување при Јавно претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка.

Механизацијата на терен од околу три часот ноќва, до шест часот утринава, фрли 15 метри кубни ризла и пет тони сол.

– По паѓањето на снег екипите на терен пристапија кон првично посипување на улиците, главната улица и приодите кон образовните институции, здравствен дом, итните служби, па во текот на ноќта се работеше цело време, а од утринава механизацијата ја расчисти целосно главната улица Св.Јоаким Осоговски, улица Херој Карпош, ул. Македонска во населба Баглак, кон населба Домачки Дол е расчистено, улица 8 Октомври, се до село Станци, а во моментот се работи на улиците во Осичка Маала, па ќе се посипуваат оние во нас. Илинден и останатите улици етапно, информира Драги Пешовски, раководител на зимска служба при ЈП „Комуналец“.

Посочи дека се воведени и дополнителни дежурства на вработените, кои согласно Годишната програма на претпријатието истекле на 15 февруари.

– Дежурствата кои завршија до 15-ти месецов повторно, поради лошото време и неопходноста од истите, воведени се и се работи 24 часа, се додека ситуацијата го налага тоа, дополни Пешовски.

Се расчистуваат и тротоарите и јавните површини во централното градско подрачје, а Пешовски упати апел до сопствениците на деловни објекти долж главната улица, согласно обврските, да си го расчистат делот пред дуќаните, за, како што рече, службите да можат да го расчистат снегот.

Од Подрачната единица на ДЗС, Крива Паланка, информираа дека патот до селата Дренак и Нерав се непроодни.

– Висината на снежната покривка во градот е околу три сантиметри, додека на граничен премин Деве Баир, кој се наоѓа на 1.100 метри надморска височина, покривката е околу 15 сантиметри. Утринава беше воведена и забрана за движење на тешки товарни возила, а пак, магистралата А2, Деве Баир-Крива Паланка-Куманово е чиста и проодна за сообраќај, изјави Зоки Павловски, раководител на ПЕ на Дирекција за заштита и спасување, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот