На УКИМ завршена четвртата надворешна евалуација

Од:

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е завршена четвртата надворешна евалуација од страна на експертски тим номиниран од Европската асоцијација на универзитети.

Ескпертскиот тим по завршување на втората четиридневна посета го презентираше прелиминарниот извештај. Притоа, беше истакната определбата на Универзитетот за спроведување на континуирана надворешна евалуација која започна од 2003 година.

– Во рамките на еваулирањето на сите дејности на УКИМ – интеграцијата, наставно-образовната и научната дејност, интернационализацијата, соработката со стопанството, мобилноста на студентите и академскиот кадар итн., од експертскиот тим се изнесени највисоки позитивни оценки, со што се потврдува местото и угледот на Универзитетот во домашното и меѓународното опкружување, се наведува во денешното соопштение од УКИМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите