На УКИМ уписи за 2018/2019 во четврток и петок

Од:

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во четврток и петок (30-ти и 31 август) ќе се спроведе првиот рок за пријавување на кандидатите за запишување во прва година додипломски студии во академската 2018/2019 година.

Согласно со новиот Закон за високо образование, почетокот на студиската година наместо на 15 септември ќе биде на 1 октомври, како што почнуваше до пред десетина години.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, слободни се вкупно 11661 места, од кои за редовни во државна квота има 5913, редовни со кофинансирање на студиите 4573 и за вонредни студенти 1175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.

Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, објавен на веб-страницата: www.ukim.edu.mk.

Вториот рок за упис на УКИМ е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите