На Табановце запленети 43.800 евра

Од:

На граничниот премин Табановце утринава околу 7:15 часот е спречен обид за нелегално изнесување на 43.800 евра.

Парите се најдени во патничко возило управувано од македонски државјанин кој патувал заедно со уште еден македонски и еден турски државјанин.

Царината соопшти дека само турскиот државјанин пријавил дека носи 9.000 евра, но при прегледот на лицата и возилото, во термос за кафе пронајдени се уште 34.800 евра, а во кутија за шеќер сместена во преградата на десната врата уште 10.000 евра.

Согласно законските прописи, на турскиот државјанин му се вратени 10.000 евра, а останатите 43.800 евра за кои немало никаков документ за потекло привремено се задржани.

Царинската управа против сторителот започна соодветна постапка.

Би можело да ве интересира

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он