На Табановце уапсен воен злосторник баран од Интерпол

Од:

Македонските погранични власти од Табановце во недела го уапсија 55-годишниот Вељко Дујановиќ, државјанин на Србија, кој е уапсен по меѓународна потерница издадена од канцеларијата на Интерпол во Загреб, кој се бара за сторено воено злосторство во регионот на Дарувар (Хрватска).

Дујановиќ е обвинет дека во 1991 година како припадник на воена паравоена единица уапсил неколку хрватски граѓани, ги однел на непозната локација и ги убил.

Тој според потерницата од Хрватска каде што живеел до 1996 година избегал од оваа држава заедно со сопругата и нејзината мајка. Уапсениот е сместен во истражниот затвор „Скопје“.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он