На „Табановце“ спречен обид за криумчарење на златен накит вреден 30.000 евра

Од:

Царинските службеници од граничниот премин „Табановце“ спречиле обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу 30 илјади евра, информираат од царинската управа.

Според податоците, на 31 јануари годинaва, на граничниот премин „Табановце“, службениците извршиле претрес на лицето Т.М. – македонски државјанин пријавен за влез во Република Македонија. При претресот, во предниот лев и десен џеб од јакната која лицето ја носело на себе, царинските службеници пронашле непријавен златен накит, две лири и употребуван рачен часовник ROLEX-TUDOR, завиткани и врзани во чорапи. Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.

Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа утврдиле дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде привремено живеел и работел, по цена од 20 евра за еден грам. Против осомничениот била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“