На Табановце приведен македонски државјанин баран за шверц на дрога

Од:

Царински инспектори од Одделението за истраги вчера на граничниот премин Табановце – автопат го лишија од слобода македонскиот државјанин М.Ф., против кого во февруари годинава беше поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во моментот на откривање на кривичното дело, осомничениот не беше достапен на органите на прогонот, а судија на претходна постапка во отсуство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање.

– Вчера, осомничениот М.Ф. пристигнал на граничниот премин Табановце – автопат и се пријавил за влез во државата, при што, согласно законските овластувања по преземените мерки и активности, царинските инспектори од Одделението за истраги го приведоа осомниченото лице и го изведоа пред судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Царинската управа.

Како што појасни Царинската управа, на 15 февруари годинава, при претрес на патнички автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од лицето Ж.К македонски државјанин, во патна торба царинските службеници од граничниот премин Табановце пронајдоа пар долни тренерки во чии ногавици помеѓу поставата се откриени два црни чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја позната како амфетамин со тежина од 191 грам.

Од спроведената предистражна постапка, царинските инспектори од Одделението за истраги најдоа докази кои укажуваа на фактот дека во извршувањето на кривичното дело е замешано уште едно осомничено лице со иницијали М.Ф, исто така македонски државјанин, кој долги години живее и работи во Германија, а кој во моментот на откривање на кривичното дело не бил на територија на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Поранешен министер за култура уапсен во Приштина поради трговија со дрога

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари