На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека еден час

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски