На судењето за нападот врз Села се емитуваат снимки од настаните во Собранието

Од:

Со емитување на видео снимки и фотографии од настаните од 27 април минатата година, денеска во Кривичниот суд во Скопје, на токму на годишнината од немилите настани во македонскиот Парламент, продолжи судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села, во кое на обвинителната клупа се наоѓаат десет лица.

Претседател на судечкиот совет е судијата Славица Андреевска, а обвинението го застапува јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сите обвинети претпладнево беа спроведени од притвор, а рочиштето продолжи со изнесување материјални докази.

Адвокатот Абедин Абдули, полномошник на оштетениот Зијадин Села, во судот изјави дека неговиот клиент изготвил копиии од медицинската документација и ги достави до судот.

Одбраната го прифати предлогот на ОЈО да не се гледаат сите снимки од предложената листа на докази, бидејќи некои се повторуваат, па затоа да се пуштаат само определни делови, пред се, заради економичност на процесот.

Повлекувањето на дел од снимките на минатото рочиште побара Обвинителството поради нивно повторување.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари