На стрелиштето Стенковец заврши вежбата „Обука за обезбедување високи воени раководители“

Од:

На стрелиштето „Стенковец“ денеска се реализира завршната вежба за обезбедување високи воени раководители.

Оваа вежба е завршница на тринеделната заедничка обука помеѓу баталјонот за Специјални намени од составот на полкот за специјални операции и Вооружените сили на Република Турција. Заедничката обука и размената на искуствата која се реализираше, соопшти денеска МО, е дел од програмата за билатерална воена соработка за 2013 година.

Вооружените сили на Република Турција како еден од нашите искрени пријатели и поддржувачи, стои во соопштението, несебично ги сподели искуствата од доменот на обезбедувањето на високи воени раководители.

Во изминатиот период припадниците на баталјонот за Специјална намена и припадниците на Вооружените сили на Република Турција разменија искуства во теми како што се обезбедување високи воени раководители во движење, на отворени простории како и обезбедувања на специфични локации како што се конференции, состаноци и друго.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он