На Србин кој одгледува марихуана во Струмица му се заканува затворска казна

Од:

Четириесет и тригодишен српски државјанин кој одгледува канабис во Струмица, му се заканува затворска казна од шест месеци до три години. Причина за тоа е што тој не го испочитувал Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Србинот, како што велат од МВР, не ги пријавил до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство настанатите промени во одгледување на конопот.

Освен затворска казна за Србинот, на фирмата и се заканува парична казна.

Од полицијата велат дека е поднесена кривична пријава против В.П.(43) од Србија, со привремено престојувалиште во Гевгелија и правно лице од тој град, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела казниви од Законот за опојни дроги и психотропни супстанци.

„Пријавениот В.П. на 15.2.2023 не постапил согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, така што не ги евидентирал и пријавил до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот, кои биле претходно планирани во елаборатот“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога