• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

На состанокот на Комитетот за учебниците извршена детална ревизија на наставните планови

by А1он18/05/2019 - 16:39127
Share0

Делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизија на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји.

Добивај вести на вибер

Ова се наведува во заедничкото на соопштение од четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција, воспоставен со чл.8.с 5 од Преспанскиот договор, одржан вчера и денеска во Охрид.

Во заедничкото соопштение се наведува дека „гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци“, соопшти МНР.

– Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот, се наведува во заедничкото соопштение на двете делегации.

На состанокот, се додава во соопштението, се постигна временската рамка за примената на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.

prespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен