На скопскиот аеродром запленети 50 илјади евра

Од:

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници информираат од Царинската управа.

– Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето, се вели во соопштението од Царина.

Би можело да ве интересира

Возат Тесла и БМВ со странски таблици без да ги царинат: Запленети 22 луксузни автомобили

Катерина Ѓуровски

Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Катерина Ѓуровски

Запленети 18 илјади, патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница