Во станот на дваесет и седум годишен скопјанец, на улицата “Петар Ацев” во Скопје преку терасата влегол непознат сторител и извршил кражба.
Крадецот успеал да земе 5.000 евра, златен накит, два компјутери и фотоапарат, причинувајќи вкупна штета од 550.000 денари.
Полицијата извршила увид и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.