На седницата на Анкетна денеска треба да биде сослушан Ставрески

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Како што најавија од македонското Собрание, на седницата на Комисијата треба да биде сослушан сведокот Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за финансии

Во Собранието денеска седници треба да одржат и комисиите за економски прашања и за здравство, како и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање, и Предлог на законот за дополнување на Законот за енергетика, поднесен од пратеници од опозицијата, исто така во прво читање.

Членовите на комисијата за здравство, пак, треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита во прво читање. 

Денеска во Македонскиот Парламент ќе се одржи и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, на која ќе биде претставена Национална платформа за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со хендикеп.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on