На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Од:

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник, откако Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање.

Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на
слабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на Уставен суд од 12 февруари 2025 година.

Пред пратениците за расправа се Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.

Собранието ќе одлучува и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата