(ВИДЕО) На протестот пред Влада се скандира „Николче диктаторче!“

Од:

И денеска граѓаните се собраа пред Владата на протест на кој бараат нејзина оставка, а на раскрсницата на булеварот Илинден, ги дочека полициска блокада.

– Порачуваме дека најискрениот бран на самоорганизирано граѓанско незадоволство нема да запре! Ние веќе не чувствуваме страв, туку само гадење од авторитарната власт и нивните мрачни сценарија! Ние бараме мир и правда, а тоа може да се случи само ако тие си заминат! Веднаш!, порачуваа од движењето „Протестирам“.

Протестот се одвива мирно, а демонстрантите скандираат „Николче диктаторче“, „Оставка! „Оставка!“, „Нема правда , нема мир!“. Оттаму долгата колона демонстранти се упатија кон Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите