На протест се бараше правда за осудените за настаните во „Диво Насеље“

Од:

Со албански знамиња, транспаренти и националистички песни се одржа протестот на кои се бараше правда за осудените лица за терористичкиот акт во Диво Насеље пред четири години.

Групата организирана од Здружението на албански политички затвореници во Македнија преку транспарентите испишани на албански јазик порачаа „Во овие лоши времиња, протестот е најубавата вредност“, „Сме и ќе бидеме секогаш заедно, УЧК“, „Стоп за селективната правда“, „Слобода за Арсим Бајрами“, „Слава им на мачениците на нацијата“, „Секој протест е еден чекор до мојата слобода, а за твојата судбина ќе одлучиш ти“. Присутните носеа и фотографии од осудените за терористичкиот акт во Диво Насеље.

На протестот се бараше правично судење на лицата инволвирани во случајот, а испратија порака и до судиите да ги имаат во предвид доказите кои во досегашните постапки биле отфрлени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

Орце Костов

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски

Смртни закани за новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“, уапсени две лица

Катерина Ѓуровски