На преминот „Меџитлија“: Мајка сакала да ја шверцува својата 23-годишна ќерка во багажник

Од:

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

„На 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23). За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување“, извести царинската управа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави