На преминот „Богородица“ запленети 51 килограм марихуана

Од:

Марихуана во вредност од околу 200 илјади евра наменета за турскиот пазар, вчера беше запленета на граничниот премин „Богородица„ на излез кон Грција. Дрогата била пронајдена во возило кое го управувал албански државјанин, а со него бил и неговиот син.

Шефицата на Службата за борба против економски криминал во Одделението за истраги, Сектор за контрола и истраги, Лилјана Живковиќ-Давиткова, денеска на прес-конференција информираше дека дрогата е откриена во патничко моторно возило каде што возачот и совозачот се татко и син, албански државјани, тргнати во правец на Грција. Според нивната изјава, дрогата била наменета за грчкиот пазар.

– Според наши оперативни сознанија, имаме информација дека истата била наменета за турскиот пазар. Оттука, вредноста на дрогата изнесува помеѓу 140 до 180 илјади евра на нарко пазарот во Турција. Дрогата е набавена во Република Албанија. Според изјавите пак на лицата коишто се привремено задржани, дрогата е со вредност од околу 200 евра на пазарот во Албанија, истакна Живковиќ-Давиткова.

Дрогата е пронајдена под седиштата на автомобилот, првично се пронајдени 25 пакувања во специјално направен бункер кај возачот, со текот на деталниот преглед на возилото во задните седишта од возилото се пронајдени уште 20 паковки со опојната дрога марихуана, што значи имаме вкупно 45 пакувања со тежина од 51 килограм.

Од секторот за контрола и истраги појаснија дека првичната селекција е направена врз основ на нивните царински искуства коишто се огромни за да потоа врз основа на сите оние индикации во текот на прегледот пристапат кон детална царинска контрола. Во тој момент на граничниот премин, како што рече Живковиќ-Давиткова, се наоѓале едни од најдобрите царински инспектори од мобилните тимови кои успеале врз основа на царинското оперативно искуство, индикациите коишто во тој момент им биле на располагање да пристапат – да ја селектираат колата и да пристапат кон царинска детална контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити