ВИДЕО: На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму им пречи европското знаме

Од:

Ова мало знаменце во десниот агол на предлог законот за јазици го срами она големо европско знаме кон кое се стреми државата, изјави од собраниската говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.

Зошто се брзате со овој закон и на бандитски начин сакате да го прошверцувате, запраша Стевананџија.

Обраќајки се до колегите пратеници од парламентарното мнозинство, Стевананџија обвини дека ставањето на европското знаменце на предлог законот за јазиците е за да се одбегне дебата и вклучување на јавноста и експертите во одлучување за овој закон.

Зошто во иднина да остане епитетот шверцерски закон, дајте им шанса на МАНУ, на експертите и на граѓаните, рече Стевананџија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска