На Попова Шапка откриени седум странци без работна дозвола

Од:

Седум странски државјани, 4 од Косово и 3 од Албанија биле откриени од полицијата додека изведувале градежни работи на два објекти лоцирани на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Четворицата косовци, Ш.С.(20), Х.Ш (28), Н.З.(27) и В.С.(20), како и албанските државјани Ш.Ф.(21), З.Ф.(27) и И.Ѓ.(19), се приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово, а потоа се предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. При тоа утврдено е дека  само И.Ѓ.(19) илегално влегол во нашата земја додека сите пријавено престојувале на подрачјето, но работеле без потребната работна дозвола.

– Седуммината странски државјани се судски парично казнети и изречена им е забрана за влез од една година така што во текот на денот ќе бидат депортирани во нивните матични земји, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина