Во изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита на подрачјето на СВР Велес, полицијата казни 53 лица, од кои најмногу 39 во Велес, шест во Кавадарци и осум во Неготино.
Од СВР Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата за заштита од ширење на Ковид-19, да носат зодолжително маска за лица,а со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите.
Непочитувањето на оваа мерка подложи на парична казна.
