На подрачјето на Скопје вчера 15 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на товарно моторно возило, четворица пешаци, еден велосипедист и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на овие три дена отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 21 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, девет возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, 15 возачи коишто го користеле мобилниот телефон или, пак, не го користеле сигурносниот појас за време на управување на моторното возило и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Аврам Писарски“ кое се наоѓа во населеното место Бардовци, општина Карпош и во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје